Shure го претставува дигиталниот безжичен систем SLX-D

Shure SLX D

Озвучувањето настани, кои се случуваат во живо, бара сигурни уреди, кои обезбедуваат одличен звук со можност за едноставно поставување и употреба. Врз дејствувањето на безжичните микрофонски системи влијаат и дополнителните предизвици во денешната сè преполна RF средина.

За да помогне во решавањето на овие потреби, дигиталниот безжичен систем SLX-D е најновиот додаток на дигиталното безжично портфолио на Shure.

Новата серија ги заменува популарните безжични системи SLX со надграден механички дизајн, исклучителен квалитет на звукот, посигурни RF перформанси, рационализирано поставување и многу повеќе.

Серијата SLX-D обезбедува одличен 24-битен (bit) дигитален звук и исклучително сигурно RF дејствување (перформанс). Овозможува едноставни нагодувања и можности за повторно полнење на батериите, како и различни конфигурации на системот.

Достапни се единечни приемници со половична вградлива ширина и двојни приемници со целосна ширина, рачни и џебни предаватели и широк спектар на вокални, на висулец, со пар слушалки и инструментални микрофони.

 

Контактирајте не

За да закажете состанок со наш преставник, ве молиме контактирајте не на info@avc-group.com