Ја завршуваме нашата работа одговорно, доверливо и со висок професионализам. АВЦ Гроуп се залага за промисленост, највисок квалитет и постојан напредок, дури и при спроведување на најсложените и најамбициозните проекти. АВЦ Гроуп се развива на одржлив начин на кој вработените имаат чувство на благосостојба, посветеност и одговорност. За клиенти со индивидуални барања, АВЦ Гроуп нуди системска интеграција, уникатни проекти или дизајн и вградени решенија. Нашите услуги се наменети за да ги задоволат различните очекувањата и потреби на корисниците. Нашите специфични знаења се презентирани во широк спектар на проекти од различни области.

Области на експертиза

Емитување

Решенија за продукција и архивирање, cистеми за управување со средства на медиуми, интерком системи, IP инфраструктура и обработка, примање и дистрибуција на сигнали, видео ѕидови за прикажување

Професионално аудио

Опрема за снимање, засилување на звук, жични и безжични микрофони, студиски монитори за контрола

Професионално видео

Камери и видео рекордери, миксери и рутери за визуализација, монитори и екрани, роботизирани камери со контрола

Мобилна продукција

Репортажни возила, сателитски радиодифузни возила, мобилни сетови за продукција

Аудио и видео контрола

Видео дисплеи, cистеми за проекција, видео ѕидови, безжична презентација, АВ испорака на содржина, контролни системи, дигитална сигнализација, дистрибуција и обработка на сигнали

Аудио и видео конференции

Конгресни системи за дискусија, превод и гласање, инфраструктура за видео конференции, контролни и контакт центри за итни случаи и управување со кризи, подвижни конференции

Кино

DLP и ласерски системи за проекција, кино-екрани, LED екрани за кино, immersive-sound аудио системи, седишта за кино

Симулатори на виртуелна реалност и платформи за движење

Прилагодени решенија за забавни паркови и пакрови за авантури, образование и корпорации

Осветлување & Cцена

Светлосни ефекти, контрола на осветлување, vештачка магла и атмосферски ефекти, oпрема за бини и алуминиумски рампи

avc33 3

Услуги

Нашите услуги вклучуваат дизајнирање и планирање, системска интеграција, снабдување со опрема, инсталација и одржување на опрема, сопствен развој и поправка на опрема и системи, застапување и дистрибуција на домашни и странски производители.

Истражување и развој

Некои клучни клиенти бараат специфични решенија прилагодени на потребите на многу сложени работни текови. Нашиот тим за истражување и развој соработува со клиентите за да најде соодветни решенија и каде што е потребно, ги прошируваме ресурсите со соработка со академски институции, spin-offs институции и истражувачки мрежи во регионот.

Проектирање (развој и техничко дизајнирање)

Можеме да дизајнираме и развиваме дури и најголеми проекти во областа на аудио, видео и аудиовизуелното. Имаме долгогодишна традиција и високо квалификувани и мотивирани вработени. Постојано ги следиме знаењата и развиваме вештини и доставуваме уреди со врвен квалитет. Наша дополнителна предност е глобалната соработка во рамките на групацијата, а со тоа и размената на мислења и искуство. Тоа овозможува успешно завршување на проекти за кои сме горди, исто како и нашите клиенти.

Изнајмување

Некои големи проекти бараат од производителите директно да бидат вклучени во процесот на изнајмување заради специфичните технички барања. Со нивна помош, можеме да обезбедиме опрема за изнајмување и техничка подршка. Клучните референци лежат во one-off настани, како што се конференции или самити, како и спортски настани како што е светскиот куп во скијачки скокови.

Производство

Постојат системски апликации кои бараат производи кои не се достапни на комерцијалните пазари. Нашиот оддел за производство се користи за дизајнирање и производство на сите потребни компоненти што недостасуваат. Со нашето знаење и искуство реализираме највисок квалитет од најдобрите компоненти.

Одржување и поправка

Kомпанијата обезбедува целосна поддршка на клиентите за време на гарантниот период и по гарантниот период. Нашиот квалификуван персонал е гаранција дека услугата е брза и ефикасна или на отворено на вашата локација или во нашите простории.

Застапување

Ние ги застапуваме и дистрибуираме производите од највисока класа од 40+ водечки брендови во доменот на професионална аудио, видео, аудиовизуелна, осветлувачка и сценска опрема, вклучувајќи познати и почитувани компании како Sony, Harman Group, Shure, Riedel, Barco, Canon, Genelec итн.

Брендови

Препораки

На високо динамичниот пазар, секој проект е предизвик и има своја приказна. Секој од нив е уникатен, и ние го вложуваме максимумот во секој проект за да го претставиме идеалното решение. Затоа сме горди на секој завршен и успешен проект.