Гостопримство & Слободно време Културно наследство

Македонска филхармонија

Скопје, Северна Македонија
ReferenceAVCGroupPhilharmonic

Филхармонија на РСМ е првиот и единствен симфониски оркестар во Република Северна Македонија, а со тоа и единствен постојан репрезент на симфониското творештво на македонската музичка сцена. Денес, звукот е издигнат на високо квалитативно скалило, а својата програма редовно ја збогатува со комплексни и нови, современи дела, кои се предизвик и за светските симфониски оркестри.

AVC Group до главниот изведувач испорача голем дел од опремата за аудио и видео системи за новиот објект на Македонската филхармонија, вклучувајќи и озвучување за главната сала и опрема за студио/продукциски објект.