Национална опера и балет

Скопје, Северна Македонија
ReferenceAVCGroupNOBBuilding

Националната опера и балет е државна културна установа на Северна Македонија. Во 1947 година е формиран оперскиот ансамбл, а потоа и балетскиот ансамбл во 1949 година. И двата ансамбли работеле во рамките на Македонскиот народен театар (МНТ). Ваквиот модел на театарска организација (драма-опера-балет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004 година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација со име „Македонска опера и балет (МОБ)“. Во 2018 година, името на МОБ било променето во „Национална опера и балет“ или скратено „НОБ‘‘.


AVC Group обезбеди опрема за аудио и осветлување за главната сала, како и системска интеграција и финално склопување. Проектот беше финансиран со јапонска донација.