Палата Казина, Музичка академија на Универзитетот во Љубљана
Љубљана, СловенијаПалата Казина се наоѓа на северната страна на Конгресниот плоштад во центарот на Љубљана од 19-тиот век. Палатата во својата историја овозможила безброј општествени настани. Со убаво украсената сала за танцување, кафетеријата, главната читална и салата за билијард, таа е центар на општествениот живот уште од своето основање.
Архитектонскиот дизајн на реновирањето првенствено ги следи барањата на современите корисници, притоа почитувајќи ги насоките од конзерваторскиот план издаден од Заводот за заштита на културното наследство во Словенија, со што се зачувани клучните елементи на класицизмот, истакнувајки и надградувајки ги.
Палатата Казина денес обезбедува дом на Музичката академија на Универзитетот во Љубљана со простории за нови едукативни и концертни настани.
Како групација AVC Group, на просториите обезбедивме професионална аудио и видео опрема која овозможува највисок стандард на корисничко искуство. Покрај бројните простории за обука, простории за предавања и сали за состаноци, имплементиравме AV системи во две поголеми приемни сали - Големата сала и Jazz клубот.
Музичка академија на Универзитетот во Љубљана веб-страница